Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


14август 2026

Целосно затемнување на Сонцето од Гренланд

Кредит за сликата & авторски права: Aditya Madhavan

Објаснување: На 12 август, сенката на Месечината се протегна за да ја допре нашата прекрасна планета. Започнувајќи над Северниот Леден Океан, таа се движеше по тесна патека, носејќи ја темната месечева умбра преку делови од Гренланд, Исланд, Атлантскиот Океан, Португалија и северна Шпанија. И за краток миг, жителите на Земјата што имаа ведро небо под сенката на Месечината можеа да бидат сведоци на целосно затемнување на Сонцето. По избегнувањето на неповолните временски услови по морски пат и по пристигнувањето во близина на фјордот Рајпе, на источниот брег на Гренланд (71,07055° СГШ, 27,71252° ЗГД), оваа фотографија, создадена по многу вложен труд, беше снимена во 17:33:26 UTC. Тоа е речиси на самиот почеток на расчистувањето на небото долж патеката на целосното затемнување, па затоа оваа снимка најверојатно претставува еден од првите непречени погледи кон целосно затемнетото Сонце. Низ отворот меѓу облаците, оваа впечатлива фотографија го забележала и еден од краткотрајните дијамантски прстени на затемнувањето, како и величествената сончева корона, која почнува да се појавува токму во мигот кога започнува целосната фаза.

Утрешната слика:: Можеби еден Персеид




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy