Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
14 април 2026
Долгата и развеана опашка на кометата R3 (PanSTARRS)
Kredit za слику & autorska prava: Haythem Hamdi
Објаснување: Зошто кометата R3 (PanSTARRS) има развеана опашка? Најновиот сјаен член на внатрешниот Сончев Систем, кометата C/2025 R3 (PanSTARRS), веќе развива впечатлива струја од светлечки гас. Оваа опашка започнува од невидливо централно јадро од нечист мраз, кое веројатно е широко неколку километри. Јадрото се загрева од Сонцето и испушта облак од неутрален гас во кома што свети со светлозелена боја. Гасот од јадрото, јонизиран од енергичната сончева светлина, сончевиот ветер го оттурнува од Сонцето и создава јонска опашка што свети со светлосина боја. Развеаната природа на јонската опашка е предизвикана од постојано променливата структура на сончевиот ветер. Снимена пред два дена од Род Ајленд, САД, кометата R3 (PanSTARRS) покажува јонска опашка што се протега на повеќе степени. Кометата R3 (PanSTARRS) најдобро се гледа пред зори од северните неба уште околу 10 дена, по што најдобро ќе биде видлива од јужните неба.
Утрешната слика:: Отворен вселенски простор
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин