Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
13 октомври 2026
Пустински скали кон небото
Кредит за сликата & авторски права: Chirag Upreti
Објаснување: Овие скали во Чиле ве приближуваат само малку до небото. Но, небото над нив навистина поттикнува размислување. На пример, може да се запрашате за темната лента на нашата галаксија Млечен Пат што се издига зад пространата пустина Атакама во Чиле, за појасот од зодијакална светлина горе лево, за зелениот и црвениот сјај на атмосферата веднаш над хоризонтот, за ѕвездата Спика во појасот на зодијакалната светлина и, сосема горе десно, за галаксијата Мал Магеланов Облак. Скулптурата „Пустински скали“ е во преден план, а оваа слика е направена во вистинскиот момент за да се фати оваа живописна платформа за набљудување, сместена токму пред речиси вертикалната лента на Млечниот Пат. При внимателно разгледување на хоризонтот, од лево кон десно, може да се забележат делови од планините Анди, вулканот Ликанкабур и светлата на градот Сан Педро де Атакама. Оваа композитна фотографија со широк агол е снимена во јули 2025 година.
Утрешната слика:: Отворен простор
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин