Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


12 октомври 2026

Јупитер и месечините

Кредит за сликата & авторски права: Chirag Upreti

Објаснување: Колку месечини можете да видите? Најдобриот одговор е пет: четири што кружат околу Јупитер и Месечината што кружи околу Земјата. Оваа слика со повеќе месечини беше можна бидејќи минатата недела Месечината на Земјата се движеше директно пред Јупитер. Прикажаната слика претставува серија снимки направени во близина на моментот на порамнување, од Вестчестер, Њујорк, САД. Осветлениот срп на Месечината (долу лево) е преекспониран, додека ноќната страна на Месечината (горе десно) е слабо осветлена од земјината светлина (светлината одбиена од Земјата). Речиси вертикално над нашата Месечина, подредени од долу нагоре, се наоѓаат сјајните Галилееви сателити на Јупитер: Ганимед, Ио, Калисто и Европа. Калисто, Ганимед и Ио се поголеми од Месечината на Земјата, додека Европа е само малку помала. Роботското вселенско летало на НАСА, „Џуно“, моментално кружи околу Јупитер и има прелетано во близина на три од овие месечини.

Утрешната слика:: Скалило кон небото




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy