Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
12 април 2026
Комета R3 (PanSTARRS) засилува сјај
Kredit za слику & autorska prava: José Rodrigues
Објаснување: Кометата R3 брзо го зголемува својот сјај — дали ќе преживее? C/2025 R3 (PanSTARRS) постепено стануваше посветла и развиваше јонска опашка уште од нејзиното откритие минатата година. Оваа „планина“ од валкан мраз го приредува своето најдобро небесно шоу токму овој месец, бидејќи минува најблиску и до Сонцето (19 април) и до Земјата (25 април). Прикажаната слика, на која R3 веќе има опашка долга над 10 степени, е направена пред две ноќи од Сион, Швајцарија, со големата планина Бичхорн лево. Кометата R3 ќе биде видлива во средината на април пред изгрејсонце. Иако идниот сјај на било која комета е тешко да се предвиди, сјајот на R3 веќе ја прави добра комета за фотографирање и можно е да стане видлива и со голо око во текот на следната недела. Физичката иднина на кометата R3 исто така е неизвесна, бидејќи, како и кометата A1 (MAPS) претходно овој месец, може да се распадне кога ќе се приближи најмногу до Сонцето. А може и да преживее и да го напушти Сончевиот систем.
Утрешната слика:: Ѕвезди како остриги
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин