Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


11 мај 2026

Зајдисонце на Месечината зад вулканот Теиде

Kredit za sliku & autorska prava: Daniel López (El Cielo de Canarias); Music: Piano della Moon (Dan Silva)

Објаснување: Овие луѓе не се во опасност. Она што се спушта од лево е само Месечината, далеку во далечината. Луна изгледа толку голема овде затоа што е фотографирана низ телескопски објектив. Она што се движи е претежно Земјата, чие вртење предизвикува Месечината полека да исчезнува зад планината Теиде, вулкан на Канарските Острови во Шпанија, крај северозападниот брег на Африка. Луѓето на сликата се оддалечени 16 километри и многумина се свртени кон камерата затоа што го гледаат изгрејсонцето зад фотографот. Не е случајно што полната месечина заоѓа токму кога изгрева Сонцето, бидејќи Сонцето е секогаш на спротивната страна од небото од полната месечина. Претставеното видео е направено во 2018 година за време на полна Млечна Месечина. Видеото не е тајмлапс - ова е всушност колку брзо заоѓаше Месечината.

Утрешната слика:: Комета го поздравува Орион




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy