Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
10 април 2026
Истражување на Антените
Kredit za слику & autorska prava: Acquisition - Mike Selby Processing - Roberto Colombari
Објаснување: На оддалеченост од околу 60 милиони светлосни години, во јужното соѕвездие Корвус, две големи галаксии се судираат. Ѕвездите во овие галаксии, означени како NGC 4038 и NGC 4039, многу ретко се судираат во текот на овој бавен катаклизам што трае стотици милиони години. Но, големите облаци од молекуларен гас и прашина често се судираат, предизвикувајќи бурни епизоди на создавање нови ѕвезди во близина на центарот на космичкиот судир. Овој впечатлив телескопски приказ се простира на повеќе од 50 илјади светлосни години и открива нови ѕвездени јата, како и материја исфрлена далеку од местото на судирот под влијание на гравитациските плимни сили. Исклучително острата слика направена од Земјата ги следи бледите плимни опашки и далечните позадински галаксии во видното поле. Впечатливиот визуелен изглед на продолжените закривени структури му го дава на овој галактички пар, познат и како Arp 244, неговото популарно име – Антените.
Утрешната слика:: Светлосен викенд
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин