Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


09 октомври 2026

Кратерот Стикни

Кредит за сликата & авторски права: HiRISE, MRO, LPL (U. Arizona), NASA

Објаснување: Кратерот Стикни, најголемиот кратер на марсовата месечина Фобос, го носи името на Клои Анџелин Стикни Хол, математичарка и сопруга на астрономот Асаф Хол. Асаф Хол ги открил двете месечини на Црвената планета во 1877 година. Со пречник од над 9 километри, Стикни зафаќа речиси половина од дијаметарот на самиот Фобос; тој е толку голем што ударот со кој настанал веројатно за малку ќе ја распарчел оваа ситна месечина. Оваа слика со засилени бои на Стикни и околината е снимена со камерата HiRISE на вселенското летало „Mars Reconnaissance Orbiter“ додека минувало на растојание од околу шест илјади километри од Фобос во март 2008 година. Иако гравитацијата на површината на Фобос (кој наликува на астероид) изнесува помалку од една илјадитина од земјината гравитација, трагите укажуваат на тоа дека низ ѕидовите на кратерот со текот на времето се лизгал лабав материјал. Светлосинкастите области во близина на работ на кратерот може да укажуваат на релативно свежо изложена површина. Потеклото на необичните бразди долж површината е мистериозно, но може да биде поврзано со плимните сили на кои е изложен Фобос поради својата блиска орбита или, пак, со самиот удар што го создал кратерот.

Утрешната слика:: Далечната страна




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy