Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
09 мај 2026
Месиерови кратери во стерео
Kredit za sliku & autorska prava: Apollo 11, NASA; Prava za stereo sliku: Patrick Vantuyne
Објаснување: Многу светли маглини и ѕвездени јата на небото на планетата Земја се поврзани со името на астрономот Шарл Месие и неговиот познат каталог од 18 век. Неговото име го носат и овие два големи и впечатливи кратери на Месечината. Јасно видливи во темното и рамно Море на Плодноста, или Mare Fecunditatis, Месие (лево) и Месие A имаат димензии од 15 на 8 и 16 на 11 километри. Нивната издолжена форма се објаснува со многу плитката траекторија на телото што удрило во површината, движејќи се од лево кон десно и создавајќи ги кратерите. Плиткиот удар создал и две светли линии од исфрлен материјал кои продолжуваат по површината надесно, надвор од сликата. Наменета за гледање со црвено/сини очила (црвеното стакло за левото око), оваа впечатлива стерео-снимка од кратерскиот пар неодамна е составена од скенирања со висока резолуција на две фотографии направени за време на мисијата Аполо 11 кон Месечината.
Утрешната слика:: Забрзано заоѓање на Месечината
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин