Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


09 февруари 2026

Миранда повторно разгледана

Кредит за слика & авторски права: NASA, JPL, Voyager 2; Obrada & licenca: Flickr: zelario12; Tekst: Keighley Rockcliffe (NASA GSFC, UMBC CSST, CRESST II)

Објаснување: Каква е Миранда навистина? Визуелно, старите снимки од NASA-ината сонда Voyager 2 неодамна се комбинирани и преработени, за да се добие прикажаната слика од месечината на Уран со пречник од околу 500 километри. Кон крајот на 1980-тите, Voyager 2 прелета покрај Уран, приближувајќи се до оваа кратереста, распукана и необично избраздена месечина — именувана по лик од Шекспировата „Бура“. Научно гледано, планетарните научници ги користат старите податоци и појасните снимки за повторно да создаваат теории за тоа што ги обликувало изразените површински форми на Миранда. Една водечка претпоставка е дека Миранда, под својата ледена површина, можеби некогаш имала обемен океан од течна вода кој можеби бавно замрзнува. Благодарение на наследството на Voyager 2, Миранда им се придружи на Европа, Титан и другите ледени месечини во потрагата по вода и, можеби, микробски живот во нашиот Сончев Систем.

Утрешната слика:: Шарената Миранда




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy