Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


08 септември 2026

Хабл: Десетаголник околу Јужниот Пол на Сатурн

Кредит за сликата & авторски права: NASA, ESA, STScI, HST; A. Sánchez-Lavega (UPV), A. Simon (NASA-GSFC), M. Wong (UC Berkeley); Processing: A. Pagan (STScI)

Објаснување: Зошто половите на Сатурн се геометриски? Северниот Пол на Сатурн е познат по тоа што е опкружен со шестоаголен (6 страни) облак уште од откривањето во 1987 година во податоците земени од вселенските летала Војаџер на НАСА, кои брзо прелетаа покрај прстенестиот свет во раните 1980-ти. Сега, неодамнешните набљудувања на Сатурн од вселенскиот телескоп Хабл откриваат малку поинаков геометриски модел на облаци околу Јужниот Пол: десетаголник (10 страни). Геометриските граници веројатно се предизвикани од бранови кога брзо се движи гасот подалеку од половите комуницира со побавно движечки гас поблиску до половите. Во композицијата на претставени слики од Хабл направена минатата година, Јужниот Пол на Сатурн е обележан со X и е опкружен со ленти од циркулирачки облаци. Десетаголникот се појавува најизразен во темните внатрешни региони. Северниот шестоаголник се покажа стабилен повеќе од 40 години, додека стабилноста на јужниот десетаголник сигурно ќе остане тема на истражување.

Утрешната слика:: Отворен простор




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy