Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


08 новември 2026

Голем метеор – огнена топка

Kredit za sliku & autorska prava: Ollie Taylor

Објаснување: Небото свети во нежни, розови нијанси на самракот што згаснува, во овој прекрасен пејзаж од планински врв, снимен сосема случајно. Фотографијата, која е внимателно компонирана и направена при температури под нулата, прикажува снежни, карпести врвови гледани од еден планински премин на 14 ноември 2017 година. Долу се наоѓа селото Ла Вила, во Алта Бадија, во италијанските Доломитски Алпи. Над светлата на вгнезденото село, на северниот хоризонт се издига соѕвездието Голема Мечка (Ursa Major). Сепак, највпечатлив е интензивниот метеор – огнена топка. Тој бил случајно фатен за време на експозицијата на фотоапаратот, додека прелетувал од исток кон запад преку северниот хоризонт, под познатата астеризма „Голема кола“ (дел од Големата Мечка). Појавата на овој голем метеор била забележана на многу места низ европското небо, што го прави еден од најпријавуваните настани од ваков вид, според податоците на „Американското метеорско друштво“ (American Meteor Society) и „Меѓународната метеорска организација“ (International Meteor Organization). Измерената патека на метеорот над Германија укажува на тоа дека тој потекнува од близина на активниот радијант на ноемврискиот метеорски дожд „Северни Тауриди“ – појава поврзана со правта од кометата Енке.

Утрешната слика: Вештерско небо?




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy