Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


08 мај 2026

Комета R3 PanSTARRS пред Ригел

Kredit za sliku & autorska prava: Jakub Kuřák & Martin Mašek (FZU of the Czech Academy of Sciences)

Објаснување: Каде се движи кометата R3 PanSTARRS? Не кон ѕвездата на врвот од сликата, бидејќи тоа е Ригел, кој се наоѓа далеку во позадина и нема врска со кометата. Не поминува ниту низ маглината во средината на сликата, бидејќи тоа е Маглината Вештерска Глава, која исто така е многу оддалечена — но не и далеку од Ригел. Не се движи ниту кон северното небо, бидејќи во текот на изминатата седмица кометата C/2025 R3 (PanSTARRS) се префрли кон јужното небо и сега најдобро се гледа од јужната Земјина хемисфера кон запад по зајдисонце. Гледано аголно, кометата R3 PanSTARRS од ноќ во ноќ полека се движи нагоре кон десно и наскоро ќе се најде во соѕвездието Орион. Просторно гледано, кометата сега го напушта нашиот Сончев Систем, но уште околу една седмица би требало да остане видлива за камерите на јужното небо. Прикажаната фотографија е снимена минатата седмица во близина на Cerro Paranal во Чиле.

Утрешната слика:: Стерео Месечина




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy