Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
08 јули2026
Мисијата за подигнување на орбитата на Swift
Кредит за сликата & авторски права: Katalyst Space
Објаснување: Понекогаш на сите ни е потребна мала помош од пријател. На вселенската опсерваторија Swift на НАСА, која по речиси 22 години работа сè уште успешно функционира, сега ѝ е потребно мало „туркање“ за да остане во орбитата. Ова видео прикажува уметничка визуелизација на Swift Boost Mission. Вселенското летало LINK на компанијата Katalyst беше лансирано на 3 јули со ракетата Pegasus XL на Northrop Grumman, а сега е на пат кон средба со Swift. Во текот на следните неколку месеци неговата задача ќе биде постепено да ја подигне опсерваторијата на повисока орбита. Ваква операција досега никогаш не била изведена. Доколку биде успешна, таа ќе покаже нова важна технолошка можност за продолжување на работниот век на вселенските летала во ниската Земјина орбита, чии орбити со текот на времето постепено се намалуваат. Swift располага со повеќе научни инструменти што ги набљудуваат најенергетските експлозии во Вселената во гама-зраци, Х-зраци и ултравиолетова светлина. Покрај тоа, има единствена способност за само неколку десетици секунди да се насочи кон местото каде што ќе се појави таков настан. Затоа астрономите ширум светот, како и сите љубители на космичките експлозии, со нетрпение се надеваат на успешно завршување на оваа мисија.
Утрешната слика:: Космички лилјак
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин