Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


08 февруари 2026

Активен сончев регион со дамки 4366 го преминува Сонцето

Кредит за слика & авторски права: Daniel Korona

Објаснување: Необично активен регион со сончеви дамки сега го преминува Сонцето. Регионот, означен како AR 4366, е многу поголем од Земјата и во изминатите десет дена создаде неколку силни сончеви ерупции. На прикажаната слика регионот е обележан со големи и темни сончеви дамки кон горниот десен дел од сончевиот диск. Сликата го прикажува Сонцето над рид во Закатекас, Мексико, снимено пред 5 дена. AR 4366 стана кандидат за најактивен сончев регион во целиот овој 11-годишен сончев циклус. Активните сончеви региони често се поврзуваат со засилена појава на поларни светлини на Земјата. Сега, достигнувајќи го работ, AR 4366 во текот на наредната недела ќе почне да се врти така што ќе биде свртен подалеку од Земјата. Сепак, не е познато дали овој активен регион ќе опстане доволно долго за повторно да се појави за околу две недели, додека Сонцето ротира.

Утрешната слика:: Шарената Миранда




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy