Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
07 октомври 2026
Остаток од супернова Pa 30
Кредит за сликата & авторски права: International Gemini Observatory/NOIRLab/NSF/AURA. Acknowledgment: PI: T. Cunningham (Center for Astrophysics - Harvard & Smithsonian). Image Processing: J. Miller & M. Rodriguez (International Gemini Observatory/NSF NOIRLab), T.A. Rector (University of Alaska Anchorage/NSF NOIRLab), D. de Martin & M. Zamani (NSF NOIRLab)
Објаснување: „Среќна Нова година!“ Не, чекајте, ова не е огномет. Оваа слика ја прикажува маглината Pa 30, снимена со телескопот „Џемини Норт“ (Gemini North) на Хаваи. Таа веројатно претставува остаток од древна експлозија на супернова: одделни историски записи на кинески, јапонски и арапски астрономи сведочат за појава на „гостин-ѕвезда“ на небото, која била видлива 185 дена во 1181 година. Се смета дека оваа нова, сјајна точка светлина потекнува од суперновата што го предизвикала „огнометот“ во Pa 30. Астрономите не знаат точно што се случило при оваа необична експлозија, класифицирана како супернова од типот Iax, но се претпоставува дека таа настанала со спојување на две бели џуџиња. Мистериозната централна ѕвезда на сликата е исклучително жешка и создава силен ѕвезден ветер, кој веројатно ги обликува радијалните нишки. Погледнете ги внимателно: јазлите што наликуваат на бисери и се нанижани по должината на нишките, имаат пречник од 4 светлосни дена. Разбирањето на тоа како суперновата ја создала оваа неверојатна маглина претставува продолжение на една мистерија стара 845 години (и таа сè уште трае).
Утрешната слика:: Смергасборд
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин