Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
07 февруари 2026
Полумесечестиот Енцелад
Кредит за слика & авторски права: Cassini Imaging Team, SSI, JPL, ESA, NASA
Објаснување: Гледан од сенките, полутопката на примамливата внатрешна месечина Енцелад, свртена кон Сатурн, позира на оваа снимка од вселенското летало Касини. Северот е горе во оваа драматична сцена, снимена во ноември 2016 година, кога камерата на Касини беше насочена речиси кон Сонцето, на оддалеченост од околу 130.000 километри од светлиот полумесец на месечината. Всушност, овој далечен свет одразува повеќе од 90 проценти од сончевата светлина што ја прима, па неговата површина има речиси иста одбивност како свеж снег. Со пречник од само околу 500 километри, Енцелад е изненадувачки активна месечина. Податоците и снимките собрани при прелетите на Касини открија водена пареа и зрнца мраз што исфрлаат гејзери на јужниот пол, како и докази за океан од течна вода скриен под ледената кора на месечината.
Утрешната слика:: Сонце со дамки
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин