Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
07 август 2026
Рубиновото поле COSMOS
Кредит за сликата & авторски права:
NSF–DOE Vera C. Rubin Observatory/NOIRLab/SLAC/AURA
Text:
Cecilia Chirenti (NASA GSFC, UMCP, CRESST II)
Објаснување: Што открива новата најостра снимка на нашето Сонце? Нестабилност. Поточно, посебен вид заемнодејствувачки процес познат како Келвин-Хелмхолцова нестабилност (KHI). Оваа нестабилност може да создаде бранови и вртлози кога две струи се движат една покрај друга — во овој случај, променливи струи од сончева магнетизирана плазма. Иако долго време се претпоставуваше дека се јавува на површината на Сонцето, трагите и вртлозите на KHI сега се потврдени на неодамна објавените впечатливи снимки со висока резолуција, направени со Сончевиот телескоп „Иноује“ на Хаваи, САД. Прикажаната слика, обоена во лажно жолта боја, а всушност снимена во длабоко сина, претставува досега најдетална снимка на Сонцето во видлива светлина. Таа опфаќа област приближно колку Земјиниот полупречник, но нејзините најситни детали се со големина на град. На неа се гледаат неколку мазни врвови на променливите сончеви гранули, додека по рабовите на овие структури, слични на цветови, се откриени повеќе KHI-вртлози. Идните истражувања би можеле да покажат како KHI придонесува за преносот на енергијата и магнетните полиња, а можеби и за загревањето на околната сончева корона.
Утрешната слика:: COSMOS на Rubin
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин