Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


07 април 2026

IC 4592: Сината одразна маглина „Коњска глава“

Kredit za слику & autorska prava: Rabeea Alkuwari

Објаснување: Дали ја гледате главата на коњот? Она што го гледате не е познатата маглина „Коњска глава“ во соѕвездието Орион, туку послаба маглина што добива препознатлива форма само при подлабоки снимки. Главниот дел од прикажаниот комплекс на молекуларни облаци е одразната маглина IC 4592. Одразните маглини се составени од многу фина прашина која обично изгледа темна, но може да изгледа сино кога ја одразува видливата светлина од енергични блиски ѕвезди. Во овој случај, изворот на најголем дел од одразената светлина е ѕвезда која се наоѓа кај „окото“ на коњот. Таа ѕвезда е дел од Nu Scorpii, еден од посјајните ѕвездени системи во соѕвездието Скорпија (Scorpius). Втора одразна маглина, означена како IC 4601, е видлива околу две ѕвезди веднаш под центарот на сликата. Прикажаната фотографија е направена од Sawda Natheel во Катар.

Утрешната слика:: Отворен простор




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy