Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
06 октомври 2026
Целосен овал на поларната светлина снимен од SMILE
Кредит за сликата & авторски права: ESA CAS SMILE UVI
Објаснување: Дали некогаш сте виделе целосен овал на поларната светлина? Не можете да го видите од Земјата бидејќи тој образува преголем круг околу еден од магнетните полови на планетата. Сепак, вселенските летала што се наоѓаат високо над Земјата можат да ги видат. Видеото, снимено од роботското вселенско летало SMILE (заеднички проект на ESA и CAS), прикажува не само целосен овал на поларната светлина, туку и појава што се случила преку ден, забележана со помош на ултравиолетова светлина. Снимката со забрзан приказ (time-lapse) опфаќа временски период од околу еден час кон крајот на јули и визуелно покажува колку се всушност променливи и бурни поларните светлини. Светлите точки од страните се далечни ѕвезди кои изгледаат како да се движат само затоа што видното поле на камерата на SMILE се менува додека леталото кружи околу Земјата. Една од целите на мисијата SMILE е подобро да се разбере како сончевиот ветер заемодејствува со магнетосферата на Земјата, а со тоа и подобро да се сфати како да се заштитат астронаутите, вселенските летала и електричните мрежи на Земјата од сончевите бури.
Утрешната слика:: Слика со изглед на „спици“
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин