Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


06 јули2026

Појаси што се натпреваруваат над пустината Атакама

Кредит за сликата & авторски права: Julien Looten

Објаснување: Што претставуваат овие два појаса на небото? Почесто видливиот појас е лево и го претставува централниот дел на нашата галаксија Млечен Пат. Нашето Сонце кружи низ дискот на оваа спирална галаксија, па гледано однатре, таа изгледа како светла лента што се протега околу целото небо со приближно еднаква осветленост. Поретко видливиот појас, десно, е зодијачката светлина – сончева светлина што се одбива од честичките прашина кои кружат околу Сонцето во нашиот Сончев Систем. Зодијачката светлина е најсјајна во близина на Сонцето, па затоа најдобро се набљудува непосредно пред изгрејсонце или веднаш по зајдисонце. Во некои вечери, оваа светлосна лента може да биде навистина впечатлива. Дури во овој век беше откриено дека најголемиот дел од зодијачката прашина потекнува од комети што минале во близина на Јупитер, при што тој ја исфрлил нивната прашина во внатрешните делови на Сончевиот Систем. Прикажаната фотографија е направена пред околу една година од пустината Атакама во Чиле.

Утрешната слика:: Вселенски змејови во двобој




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy