Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
05 октомври 2026
M104: Плимни струи на галаксијата Сомбреро
Кредит за сликата & авторски права: Engelbert Vollmer
Објаснување: Детална снимка од галаксијата Сомбреро открива изненадувања. M104 го носи името „Сомбреро“ бидејќи, при пократки експозиции, изгледа како шапка. Клучна карактеристика на оваа огромна галаксија е темниот раб од прашина што го опкружува центарот на дискот. Сепак, снимката со многу подолга експозиција открива бурна историја, прикажувајќи сјајно, магливо хало кое се протега далеку надвор од централниот диск и содржи многу поединечни ѕвезди што не можат одделно да се разликуваат. Изненадувачки, во оваа ѕвездена маглина се забележуваат структури, вклучително и дијагонален прстен. Овие структури и плимни струи даваат нови докази дека M104 имала бурно минато и дека сигурно е резултат на судири и спојувања на помали галаксии. На светлината ѝ се потребни околу 30 милиони години за да стигне до нас од галаксијата Сомбреро, која има вкупен пречник од околу 150 илјади светлосни години. Прикажаната слика е направена во текот на седум дена, во средината на 2026 година, од Намибија.
Утрешната слика:: Насмевка
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин