Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
05 март 2026
Целосно затемнување на Месечината над Tsé Bit'a'í
Kredit za video & autorska prava: Peter Bresseler; Text: Keighley Rockcliffe (NASA GSFC, UMBC CSST, CRESST II)
Објаснување: Порано оваа недела, сенката на Земјата помина преку полната Месечина во единственото целосно затемнување на Месечината оваа година. Оваа впечатлива низа комбинира слики што ја прикажуваат патеката на Месечината низ ноќното небо. Секоја лунарна слика ја доловува сенката на нашата планета како постепено ја обвива Месечината, завршувајќи со нејзиниот црвен сјај. Сончевата светлина се расејува и прекршува додека минува низ атмосферата на Земјата кон Месечината. Светлината со пократки бранови должини (сина и зелена) се расејува поефикасно, оставајќи црвени, портокалови и жолти нијанси да ја обојат површината на Месечината. Tsé Bit'a'í („карпа со крилја“, позната и како Shiprock), сместена во Навахо нацијата, создава моќен вулкански преден план, важен и за оваа фотографија и за приказните за потеклото, авантурите и херојството во традицијата на Навахо. Како прва полна Месечина во лунарната нова година, ова затемнување имало значење во различни култури. Видливо од Источна Азија до Северна Америка, ова затемнување ги обедини набљудувачите на големи растојанија — космички потсетник дека го делиме истото небо.
Утрешната слика:: Астросфера
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин