Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


05 juni 2026

Јатото галаксии Хидра

Kredit za sliku & autorska prava: Rafael Sampaio

Објаснување: Во нашата галаксија Млечен Пат, две светли ѕвезди со шилести зраци стојат во преден план на оваа космичка снимка како чувари. Многу подалеку зад нив се наоѓаат галаксиите од јатото Хидра. Додека ѕвездите во преден план се оддалечени стотици светлосни години, галаксиите од јатото Хидра се наоѓаат на повеќе од 100 милиони светлосни години од нас. Трите големи галаксии близу центарот на јатото, две жолти елиптични (NGC 3311 и NGC 3309) и една впечатлива сина спирална галаксија (NGC 3312), се неговите доминантни членови, а секоја има пречник од околу 150.000 светлосни години. Над и лево од NGC 3312 се наоѓа интересен преклопен пар галаксии означен како NGC 3314. Познато и како Abell 1060, јатото галаксии Хидра е едно од трите големи галактички јата што се наоѓаат во радиус од 200 милиони светлосни години околу Млечниот Пат. Во блискиот универзум, галаксиите се гравитациски поврзани во јата, а самите јата се лабаво поврзани во суперкластери. Суперкластерите, пак, покажуваат усогласување и на уште поголеми космички размери.

Утрешната слика:: Светлосен викенд




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy