Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
05 јули2026
Насликаната Месечина на Сатурн — Јапет
Кредит за сликата & авторски права: NASA, ESA, JPL, SSI, Cassini Imaging Team
Објаснување: Што се случило со Јапет, една од месечините на Сатурн? Огромни делови од овој необичен свет се темни како јаглен, додека други се блескаво бели како снег. За подобро да ја разбере оваа месечина со необично обоена површина, во 2007 година НАСА го насочи роботското вселенско летало Cassini, кое тогаш кружеше околу Сатурн, да помине на само 2.000 километри од неа. На сликата, направена од оддалеченост од околу 75.000 километри, е прикажана хемисферата на Јапет која секогаш заостанува во неговото движење околу Сатурн. Големиот ударен кратер на југ, со пречник од околу 500 километри, се чини дека се наоѓа врз уште постар кратер со слична големина. Темниот материјал сè повеќе го прекрива источниот дел на Јапет, подеднакво затемнувајќи ги и кратерите и возвишенијата. Според водечката научна претпоставка, овој темен материјал главно се состои од почва богата со јаглерод, која останала откако релативно топлиот, но нечист мраз постепено сублимирал. Можно е првичниот слој од овој темен материјал да бил „насликан“ врз површината со наталожување на честички ослободени од удари на метеори врз други месечини.
Утрешната слика:: Вселенски појаси во двобој
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин