Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


04 октомври 2026

Повеќекратни виножита над Њу Џерси

Кредит за сликата & авторски права: ASD NASA / GSFC NASA Science Activation Michigan Tech. U.

Објаснување: Дали вашето виножито може да го направи ова? Откако ураганот Флоренс мина над Њу Џерси минатиот месец, Сонцето се појави на едната страна, но на спротивната страна се појави нешто сосема необично. Во текот на наредните половина час, еден фотограф и неговата ќерка набљудуваа повеќекратно виножито, како што е прикажано на оваа слика. Ваквите виножита се формираат само кога водените капки се со речиси еднаква големина и обично се помали од еден милиметар. Тогаш сончевата светлина се однесува како брановите на езерото кога во него ќе се фрли камен. Повеќекратни виножита биле забележани уште во почетокот на 19-тиот век, кога се сметале за доказ за брановата природа на светлината.

Утрешната слика:: Отворен простор




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy