Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
04 јануари 2026
Ајнштајновиот крст – гравитациона леќа
Кредит за слика & авторски права: NSF, NOIRLab, AURA, WIYN; Obrada: J. Rhoads (Arizona State U.) et al.
Објаснување: Повеќето галаксии имаат едно единствено јадро — дали оваа галаксија има четири? Чудниот одговор ги наведува астрономите да заклучат дека јадрото на галаксијата во преден план воопшто не е видливо на оваа слика. Централната форма налик на детелина всушност е светлина што ја емитува далечен квазар во позадина. Гравитационото поле на видливата галаксија во преден план ја разложува светлината од овој далечен квазар на четири различни слики. Квазарот мора да биде прецизно порамнет зад центарот на масивна галаксија за ваков мираж да стане видлив. Општиот ефект е познат како гравитационо леќење, а овој конкретен случај е познат како Ајнштајнов крст. Уште почудно е тоа што сликите на Ајнштајновиот крст се разликуваат по релативна сјајност, повремено засилена од дополнителниот ефект на гравитационо микролеќење предизвикан од поединечни ѕвезди во галаксијата во преден план.
Утрешната слика:: Kутијаста ѕвезда
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин