Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


05 јануари 2026

Црвената правоаголна маглина од Хабл

Кредит за слика & авторски права: NASA, ESA, Hubble; Processing & License: Judy Schmidt

Објаснување: Како настанала необичната Црвена правоаголна маглина? Во средиштето на маглината се наоѓа старечки двоен ѕвезден систем кој сигурно ја напојува маглината, но засега не ги објаснува нејзините бои. Необичната форма на Црвената правоаголна маглина најверојатно се должи на дебел прстен од прашина кој го стега инаку сферичното истекување и го обликува во конусни форми што се допираат со врвовите. Бидејќи прстенот го набљудуваме од работ, граничните рабови на конусните форми изгледаат како да формираат буква X. Јасно изразените пречки сугерираат дека истекувањето се одвива во налети, со паузи меѓу нив. Необичните бои на маглината, пак, се сè уште слабо разбрани, но се претпоставува дека делумно се должат на јаглеводородни молекули кои можеби претставуваат градбени елементи на органскиот живот. Црвената правоаголна маглина се наоѓа на околу 2.300 светлосни години оддалеченост, во насока на соѕвездието Еднорог (Monoceros). Маглината е прикажана овде со извонредни детали, како преработена снимка од Вселенскиот телескоп Хабл. За неколку милиони години, кога една од централните ѕвезди дополнително ќе го исцрпи своето нуклеарно гориво, Црвената правоаголна маглина најверојатно ќе процвета во планетарна маглина.

Утрешната слика:: Неред со големина на Јупитер




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy