Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


04 август 2026

Необични кометарни јазли во маглината Хеликс

Кредит за сликата & авторски права: NASA, ESA, CSA, STScI, JWST; Obrada: A. Pagan (STScI)

Објаснување: Што ги создава необичните јазли од гас и прашина во планетарните маглини? Тие се забележани и во маглината Прстен и во маглината Гира, како и во NGC 2392. Нивното постоење првично не било предвидено, а нивното потекло и денес не е целосно разјаснето. На оваа снимка, направена со вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ во инфрацрвена светлина, е прикажан дел од маглината Хеликс со извонредно богати детали. Кометарните јазли имаат маса приближно еднаква на Земјината, но нивната големина најчесто е неколкупати поголема од орбитата на Плутон. Според една од претпоставките, овие јазли се раздробуваат и постепено се обликуваат затоа што постојниот гас го потиснува поредок, но многу енергичен ѕвезден ветер што го создава централната ѕвезда во завршната фаза од својот развој. Маглината Хеликс е еден од најблиските примери на планетарна маглина што настанала на крајот од животниот век на ѕвезда слична на Сонцето. Таа ја носи и ознаката NGC 7293 и се наоѓа на околу 650 светлосни години од нас, во насока на соѕвездието Водолија (Aquarius).

Утрешната слика:: Отворената вселена




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy