Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
03 juni 2026
Андромеда низ гас и прашина
Kredit za sliku & autorska prava: Nick Fritz
Објаснување: Пред повеќе од 1000 години, персискиот астроном Абд ал-Рахман ал-Суфи го објавил најстариот познат запис на човештвото за Галаксијата Андромеда во делото „Книга на неподвижните ѕвезди“ (Bodleian Library MS. Marsh 144 p. 167). Осум века подоцна, Андромеда станала 31-от објект во „Каталогот на маглини и ѕвездени јата“ на Шарл Месје. Од „мал облак“, преку „маглина“, до денешното сознание дека е нашата најблиска голема галаксија, Андромеда останала едно од темелните астрономски тела. Денешната слика, создадена од податоци собирани во текот на 202 часа, покажува колку далеку сме стигнале во набљудувањето на нашиот галактички сосед. Разлеаните црвени и сини облаци се претежно јонизиран водород и кислород во преден план, длабоко во рамките на нашиот Млечен Пат. Розово-црвените облаци од водород, јонизиран од енергичната светлина на млади ѕвезди, ги исцртуваат прашливите спирални краци на галаксијата. M32 и M110 се сателитски галаксии прикажани како орбитираат околу поголемата Андромеда. И покрај долгата историја на набљудување — од древните набљудувачи со голо око до современите телескопи — Андромеда сѐ уште крие безброј тајни што астрономите ќе продолжат да ги истражуваат, вклучувајќи ги процесите на спојување и развој на галаксиите, како и природата на темната материја во која тие се наоѓаат.
Утрешната слика:: Космички бакибол
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин