Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


03 јули2026

Три галаксии во Паун

Кредит за сликата & авторски права: Mike Selby

Објаснување: Оддалечени околу 190 милиони светлосни години, далеку зад сјајните ѕвезди и маглини на Млечниот Пат, овие три галаксии се поврзани со гравитацијата во хипнотизирачки космички танц. Јасно изобличени од гравитациските заемни дејства на галактички размери, големите спирални галаксии NGC 6769 и NGC 6770 ги гледаме речиси право одозгора. Нивните сјајни галактички дискови се испресечени со темни меѓуѕвездени правливи ленти што го прикриваат дел од светлината. По нивните издолжени спирални краци се распоредени млади сини ѕвездени јата, родени во области на создавање ѕвезди што настанале при судири на масивни молекуларни облаци. Под нив се наоѓа спиралната галаксија NGC 6771, која ја гледаме повеќе од работ. Нејзиното централно испакнување има карактеристична правоаголна форма, создадена од плимните ѕвездени струи. Секако, во далечната иднина спојувањето на овие три галаксии е неизбежно. На проценетата оддалеченост на ова галактичко трио, кое некои го нарекуваат „Ѓаволска маска“, оваа остра телескопска снимка опфаќа повеќе од 300 илјади светлосни години во границите на далечното јужно соѕвездие Паун.

Утрешната слика:: Топки за на плажа од Земјата




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy