Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
03 јануари 2026
Полн месечински сјај
Кредит за слика & авторски права: Zhengjie Wu and Jeff Dai (TWAN)
Објаснување: Полната Месечина е најсветлата месечева фаза, а вечерва можете да стоите во светлината на првата полна mесечина во 2026 година. Всушност, полната фаза на Месечината настапува на 3 јануари во 10:03 UTC, додека само околу 7 часа подоцна планетата Земја го достигнува својот перихел за 2026 година — најблиската точка во својата елиптична орбита околу Сонцето — во 17:16 UTC. Јануарската полна Месечина исто така не беше далеку од својот перигеј, односно најблиското приближување до планетата Земја. За оваа лунација, перигејот на Месечината беше на 1 јануари во 21:44 UTC. Можете да ја забележите и планетата Јупитер, близу до својата најголема сјајност за 2026 година и привидно блиску на небото до полната Месечина вечерва. Но додека го набљудувате ноќното небо, не заборавајте да погледнете и по ретките, светли огнени топки од метеорскиот дожд Квадрантиди.
Утрешната слика:: Квазар × 4
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин