Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
03 април 2026
Фатени во мрежа: Визуелизација на спојување на црни дупки во маглината Тарантула
Kredit za sliku & autorska prava:
Artwork: Carl Knox (OzGrav, Swinburne University of Technology);
Astrophotography: Blake Estes & Christian Sasse, iTelescope.net; Text: Cecilia Chirenti (NASA GSFC, UMCP, CRESST II)
Објаснување: Како можеме да го видиме она што е невидливо? Црните дупки не се лесни за набљудување во темната космичка ноќ, но астрономите можат да ги откријат преку анализа на нивните гравитациски влијанија врз материјата, светлината и просторот-време. Прикажаната слика претставува илустрација што комбинира симулација на бинарен систем од црни дупки во нивниот завршен „смртоносен танц“ со астрофотографија на маглината Тарантула во позадина. Иако црните дупки не емитуваат светлина, тие ја искривуваат патеката на светлосните зраци, дејствувајќи како гравитациска леќа. Како резултат, маглината изгледа силно изобличена, формирајќи Ајнштајнови прстени и повеќекратни слики. Маглината Тарантула се наоѓа во Големиот Магеланов Облак, џуџеста галаксија која е една од сателитските галаксии на Млечниот Пат, оддалечена околу 160.000 светлосни години. Тоа е повеќе од 1.000 пати поблиску од кое било спојување на бинарни црни дупки детектирано досега. Веројатно никогаш нема да откриеме спојување толку блиску до нас!
Утрешната слика:: Пиксели во вселената
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин