Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


02 септември 2026

Сончеви затемнувања и култура

Кредит за сликата & авторски права: Javier Castro
Text: Keighley Rockcliffe (NASA GSFC, UMBC CSST, CRESST II)

Објаснување: Претпоставете се дека никогаш не сте слушнале за затемнување на сонцето. Однесувањето на Сонцето е предвидливо целиот ваш живот. Еден ден, ќе бидете сведоци на трансформацијата на небото како што се случува на денешната споена слика што опфаќа два часа од затемнувањето на сонцето на 12 август 2026 година. Сонцето исчезнува, оставајќи зад себе светла, празна прстен. Што би помислиле дека се случило? Луѓето ги толкувале затемнувањата на безброј начини низ историјата, вградувајќи верувања за поврзаност, преродба или опасност во културата. „Затемнување“ доаѓа од грчкиот збор „ékleipsis“ што значи „напуштање“. Во античка Грција, затемнувањето на сонцето го означувало гневот на боговите и напуштањето на човештвото од страна на Сонцето. За народот Дине, ова небесно усогласување е време на обнова. Од почит и за да се избегне опасноста од сончевата светлина, Дине остануваат внатре додека Сонцето и Месечината не се разделат. Народот Батамариба од Бенин и Того верува дека Сонцето и Месечината се борат за време на затемнување, па затоа заедницата поттикнува мир меѓу себе. Затемнувањата се пример за долгогодишната врска помеѓу астрономијата и општеството.

Утрешната слика:: поглед од птичја перспектива




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy