Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
02 juni 2026
Остатокот од суперновата Вела
Kredit za sliku & autorska prava: José Mtanous
Објаснување: Експлозијата завршила, но последиците сè уште траат. Пред околу дванаесет илјади години, една релативно обична ѕвезда во соѕвездието Вела ненадејно експлодирала, создавајќи необична светлосна точка која накратко била видлива за луѓето што живееле во времето на почетоците на запишаната историја. Надворешните слоеви на ѕвездата се судриле со меѓуѕвездената средина, создавајќи ударен бран што и денес може да се забележи. Прикажаната слика, составена од снимки направени во текот на 60 часа од регионот Хомас во Намибија, прикажува дел од тој влакнест и огромен ударен бран во видлива светлина, со детали истакнати од емисиите на водород (црвено) и кислород (сино). Додека гасот се оддалечува од експлодираната ѕвезда, тој се разредува и реагира со меѓуѕвездената средина, создавајќи светлина во многу различни бои и енергетски опсези. Во центарот на Остатокот од суперновата Вела останува пулсар — ѕвезда густа како нуклеарна материја, која се врти повеќе од десет пати во една секунда.
Утрешната слика:: Отворен простор
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин