Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
02 јули2026
Остатоци од две сродни супернови
Кредит за сликата & авторски права:
NASA Goddard Space Flight Center and M. Michailidis et al. 2026; optical: DSS; infrared: NASA/WISE/JPL-Caltech/UCLA; ultraviolet: NASA/Swift
Text:
Cecilia Chirenti
(NASA
GSFC,
UMCP,
CRESST II)
Објаснување: Што се случува кога една од ѕвездите во двоен ѕвезден систем ќе експлодира како супернова? Оваа слика ги комбинира видливата светлина (жолта), ултравиолетовата светлина (виолетова) и инфрацрвената светлина (цијан, црвена и портокалова) за да прикаже два остатоци од супернови и нивната околина, оддалечени околу 6.000 светлосни години. Помладиот остаток, во средината на сликата (главно прикажан во жолта боја), е добро познатата Медуза Маглина. Кога би можеле да ја видиме со голо око, на небото би изгледала поголема од полната Месечина. Виолетовите влакнести структури припаѓаат на постар остаток од супернова, означен како G189.6+3.3, кој делумно се преклопува со Медуза Маглината. Во ново истражување, со помош на податоци од вселенскиот телескоп за гама-зраци Fermi на NASA, научниците ја реконструирале нивната заедничка историја. Астрономите сметаат дека овие остатоци потекнуваат од две ѕвезди кои некогаш биле дел од ист двоен систем. Прво експлодирала едната ѕвезда како супернова, при што нејзиниот придружник бил исфрлен од системот. Десетици илјади години подоцна и втората ѕвезда експлодирала како супернова, создавајќи ги двата преклопени остатоци што ги гледаме денес. Светлата ѕвезда десно, всушност, е троен ѕвезден систем наречен Пропус.
Утрешната слика:: Три галаксии
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин