Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


02 јануари 2026

НаноСаил-Д2

Кредит за слика & авторски права: Ralf Vandebergh

Објаснување: Во 2011 година, на 20 јануари, НаноСаил-Д2 на НАСА распостре многу тенко и многу рефлективно едро со површина од 10 квадратни метри, станувајќи првото вселенско летало со соларно едро во ниска орбита околу Земјата. Иако често се смета за нешто од научната фантастика, „пловењето“ низ вселената било предложено уште пред 400 години од астрономот Јоханес Кеплер, кој ги набљудувал опашките на кометите како се развејуваат под дејство на соларниот ветер. Но современите дизајни на летала со соларно едро, како НаноСаил-Д2, јапонското меѓупланетарно летало IKAROS или Lightsail A на Планетарното друштво, се потпираат на малиот, но постојан притисок од самата сончева светлина за погон. Блескајќи на сончевата светлина додека кружеше околу планетата Земја, соларното едро на НаноСаил-Д2 повремено беше многу светло и видливо со голо око. Овие извонредно детални слики се направени со рачно следење на орбитирачкото летало со соларно едро, користејќи мал телескоп.

Утрешната слика:: Осветлување од Месечината




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy