Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
01 септември 2026
Затемнување на Месечината во авион
Кредит за сликата & авторски права: Paulo Ferreira
Објаснување: Дали требаше да бидете на десната страна од овој авион за да го видите ова затемнување? Не. Затемнувањата на Месечината рутински се гледаат од половината на Земјата свртена кон Месечината кога се случува затемнувањето, што ги прави едни од најчесто забележаните астрономски настани. Дури не ви е потребна никаква посебна опрема за да видите едно - само вашите голи очи. Затемнувањата на Месечината се исто така едни од најфотографираните астрономски настани бидејќи, за разлика од затемнувањето на Сонцето, вашите очи и камера не мора да гледаат кон светлото Сонце. Сепак, со оглед на претставената слика направена минатата недела од Португалија, ако бевте на левата страна од тој авион за време на полетувањето, можеби ќе имате проблеми со гледањето - на почетокот. Но, дури и тогаш, по полетувањето, бидејќи затемнувањата на Месечината обично траат со часови, можеби наскоро ќе можете безбедно да го преминете ходникот/ите за да го видите.
Утрешната слика:: Културни затемнувања
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин