Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


01 јули2026

Облаците од шеќерна волна на Ро Опијухи

Кредит за сликата & авторски права: Ángel Molina
Text: Keighley Rockcliffe (NASA GSFC, UMBC CSST, CRESST II)

Објаснување: Иако личат на шеќерна волна, овие облаци не можете да ги јадете! Снимена во Кадиз, Шпанија, денешната слика го прикажува комплексот Ро Опијухи, богата ткаенина од млади и стари астрономски појави. Овој шарен облачен комплекс е блиска област на создавање ѕвезди и содржи стотици млади ѕвездени објекти, меѓу кои протоѕвезди и ѕвезди од типот T Tauri. Светлината од тројниот ѕвезден систем во неговото средиште се одбива од ситните зрнца меѓуѕвездена прашина, создавајќи ја сината рефлексиона маглина. Ултравиолетовата светлина од жешките ѕвезди го јонизира околниот водороден гас, при што настанува црвената емисиона маглина. Антарес, црвен суперџин доволно голем да го проголта астероидниот појас на Сончевиот Систем, ја осветлува жолтата област. Темната меѓуѕвездена прашина скрива дел од боите на овој комплекс. Неодамнешните набљудувања со JWST откриваат сенки што ги фрлаат скриени околуѕвездени дискови — најраните фази од создавањето на планети. Во долниот десен агол се наоѓа Месиер 4, збиено ѕвездено јато старо речиси колку и самиот Универзум, кое е нем сведок на уште еден бурен бран на ѕвездена младост во Млечниот Пат.

Утрешната слика:: Пиксели во вселената




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy