Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
01 јануари 2026
Аурорална корона
Кредит за слика & авторски права: Roi Levi
Објаснување: Сончевиот максимум на циклусот 25 ја направи 2025 година одлична за појави на поларната светлина — aurora borealis (или aurora australis) — на планетата Земја. А високото ниво на сончева активност треба да продолжи и во 2026 година. Затоа, додека го славите доаѓањето на новата година, погледнете го овој спектакуларен аурорален приказ што се појави на ѕвезденото ноќно небо над Киркјуфел, Исланд. Импресивната аурорална корона, енергични завеси од светлина што се спуштаат директно од зенитот, беше забележана за време на силна геомагнетна бура предизвикана од интензивна сончева активност во близина на рамноденицата во март 2025 година. Овој северен пејзаж и небото над него го доловуваат впечатливиот призор во панорамска мозаична слика составена од 21 кадар.
Утрешната слика:: Сончево едрење
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин