Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
31октомври 2025
Духови во Касиопеја
Kredit za sliku & autorska prava: Alex Rodriguez
Објаснување: Ноќта на Вештерките е и астрономски празник, а чудни облици секогаш демнат на ноќното небо на планетата Земја. Всушност, близу центарот на овој телескопски поглед кон соѕвездието Касиопеја, овие меѓуѕвездeни облаци IC 59 (лево) и IC 63 изгледаат духолико во космични размери. Оддалечени околу 600 светлосни години, облаците не се вистински духови — но полека исчезнуваат под влијание на енергетското зрачење од жешката, светла ѕвезда Гама Каси. Најсјајната синкава ѕвезда во рамката, Гама Каси, физички е оддалечена само 3 до 4 светлосни години од овие маглини. IC 63, која се наоѓа малку поблиску до Гама Каси, е доминирана од црвеното H-алфа зрачење што го емитува водородот кога јонизиран од ултравиолетовото зрачење на жешката ѕвезда повторно се соединува со електрони. Подалеку од ѕвездата, IC 59 исто така покажува H-алфа емисија, а двете маглини светат со карактеристичниот синкаст отсјај на прашината што ја одразува ѕвездената светлина. Погледот опфаќа околу 2 степени или околу 20 светлосни години на претпоставената оддалеченост на овие меѓуѕвездени „привиденија“.
Утрешна слика:
Седумте страшни сестри
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Kiro Stojanov &
Dipl.Ing.Dr. Liliana Gracanin
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Saša Gračanin