Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
01новември 2025
Плејадите од планетете Земја
Kredit za sliku & autorska prava: Max Inwood
Објаснување: Преубавиот ѕвезден јатак Плејади сјае на ноќното небо на Земјата — компактна група ѕвезди оддалечени околу 400 светлосни години, во насока на соѕвездието Бик и Орионовиот крак од нашата Млечна Патека. Познати уште од древни времиња, овие забележителни небесни собири се видливи и со голо око. Јатакот Плејади е добро поставен за набљудување и од северната и од јужната хемисфера, а низ вековите се поврзува со многу културни традиции и празнувања, меѓу кои и прославата на крстополов ден — Ноќта на Вештерките. Во грчката митологија, Плејадите биле седум ќерки на астрономскиот титан Атлас и морската нимфа Плејона. Галилео прв го нацртал јатото набљудувајќи го низ својот телескоп, забележувајќи ѕвезди преслаби за човечко око. Шарл Месје пак ја запишал положбата на јатото како 45-ти објект во неговиот познат каталог на работи што не се комети. Во оваа драматична ноќна панорама од планетата Земја, ѕвездите на Плејадите изгледаат како да се вгнездени во сино-осветлени рефлективни маглини, поставени над врвот на планината Сефтон, една од највисоките во Нов Зеланд. Таму, познати како Матарики, Плејадите се поврзуваат со славењето на маорската Нова година.
Утрешна слика:
Потковицата на гравитацијата
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Kiro Stojanov &
Dipl.Ing.Dr. Liliana Gracanin
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Saša Gračanin