Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


02новември 2025

Енштајнов прстен во форма на потковица од Хабл

Kredit za sliku & autorska prava: ESA/Hubble & NASA

Објаснување: Што е големо, сино и може да се свитка околу цела галаксија? Гравитацискиот лензен мираж. На оваа фотографија, гравитацијата на една масивна елиптична галаксија (светла црвена галаксија, LRG) ја искривува светлината од многу подалечна сина галаксија. Почесто, ваквото виткање на светлината создава две јасно различливи слики од далечната галаксија, но тука порамнувањето е толку прецизно што заднинската галаксија е развлечена во форма на потковица — речиси целосен прстен, познат како Енштајнов прстен. Иако LRG 3-757 беше откриена во 2007 година во податоци од Sloan Digital Sky Survey (SDSS), горната снимка е следечко набљудување направено со Wide Field Camera 3 на Хабл. Најновата анализа на гравитациската леќа на централната галаксија укажува дека таму најверојатно се наоѓа најмасивната досега откриена црна дупка: 36 милијарди пати помасивна од нашето Сонце.

Утрешна слика: Двојно-спирално затемнување


Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Kiro Stojanov & Dipl.Ing.Dr. Liliana Gracanin
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Saša Gračanin
e-astronomy