Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


03новември 2025

Двојно-спирално лунарно затемнување

Kredit za sliku & autorska prava: Chunlin Liu

Објаснување: Сликата беше снимена токму во моментот на целосното лунарно затемнување — но со неочекуван пресврт. Прво, затемнувањето: целосно засенетата Месечина од Земјата се гледа како портокалова топка блиску до горниот дел од кадарот. Портокаловата боја се јавува поради мал дел црвена светлина која најпрво се расфрлува низ Земјината атмосфера и потоа ја осветлува Месечината, налик на бојата на заоѓачко Сонце. А сега пресвртот: една од двете ленти што наликуваат на двојна спирала е нашата Млечна Патека — централниот диск на нашата галаксија. Втората лента е зодијачката светлина, односно сончева светлина расфрлана од прав во нашиот Сончев систем. Причината што се вкрстуваат е тоа што рамнината во која орбитира правот околу Сонцето е навалена во однос на рамнината во која се движат ѕвездите околу центарот на галаксијата. Ова добро познато навалување е драматично прикажано на избраната фотографија со широк агол во Меркаторова проекција, снимена од хоризонт до хоризонт, почетокот на септември во Опсерваторијата Минганту во Внатрешна Монголија, Кина.

Утрешна слика: Небо со комета


Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Kiro Stojanov & Dipl.Ing.Dr. Liliana Gracanin
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Saša Gračanin
e-astronomy