Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
31 декември 2025
HH-222: Маглината Водопад
Кредит за слика & авторски права: Mike Selby
Објаснување: Што ја создало Маглината Водопад? Потеклото сè уште се истражува. Оваа структура, официјално означена како Herbig–Haro 222, се појавува во регионот на NGC 1999 во комплексот на Големиот Орионски молекуларен облак. Издолжениот гасен поток се протега на околу десет светлосни години, но по изглед потсетува на долг водопад на Земјата. Неодамнешните набљудувања укажуваат дека HH-222 најверојатно е огромен гасен лак-шок, сличен на бран што го создава брз брод што се движи низ вода. Се смета дека изворот на овој ударен бран е млазен истек од повеќекратниот ѕвезден систем V380 Orionis, кој се наоѓа лево долу на сликата. Затоа, гасот не тече по „водопадот“, туку целата структура се движи кон горниот десен дел. Маглината Водопад се наоѓа на околу 1.500 светлосни години оддалеченост, во правец на соѕвездието Орион. Прикажаната слика е направена порано овој месец во опсерваторијата El Sauce во Чиле.
Утрешната слика:: Отворен простор
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин