Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
29 декември 2025
M1: Маглината Рак
Кредит за слика & авторски права: Alan Chen
Објаснување: Ова е нередот што останува кога една ѕвезда ќе експлодира. Маглината Рак, резултат на супернова забележана во 1054 година, е исполнета со мистериозни нишки. Нишките не само што се исклучително сложени, туку изгледа дека имаат помала маса од онаа исфрлена при првичната супернова и поголема брзина отколку што би се очекувало од слободна експлозија. Прикажаната слика е снимена од аматерски астроном во Лизбург, Флорида, САД, во текот на три ноќи минатиот месец. Таа е добиена во три основни бои, со дополнителни детали обезбедени од специфичната емисија на водородниот гас. Маглината Рак се простира на околу 10 светлосни години. Во самиот центар на маглината се наоѓа пулсар: неутронска ѕвезда масивна колку Сонцето, но со големина на мало гратче. Пулсарот во Маглината Рак ротира околу 30 пати во секунда.
Утрешната слика:: Вештачка комета
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин