Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
30 декември 2025
Вештачка комета
Кредит за слика & авторски права: Wang Chao
Објаснување: Да, но дали опашката на твојата комета може да го направи ова? Не — и она што го гледаш не е опашка од комета. Сликата прикажува умешно преклопена временска секвенца од група сателити што заедно орбитираат околу Земјата во јуни. Поточно, тоа се комуникациските сателити Starlink во ниска Земјина орбита, кои ја одразуваат сончевата светлина пред изгрејсонце кон Внатрешна Монголија, Кина. Иако сателитите за човечкото око изгледаат како точки, експозициите на фотоапаратот од по 20 секунди направиле тие да се појават како кратки светлечки траги. Во моментов во орбитата има повеќе од 9000 Starlink сателити, а нови се лансираат речиси секоја недела. Се планираат и други сателитски констелации.
Утрешната слика:: Небесен водопад
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин