Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
28октомври 2025
NGC 6995: Маглината Лилјак
Kredit za sliku & autorska prava: Francis Bozon-Gangloff
Објаснување: Го гледаш ли лилјакот? Тој демне во овој космички крупен кадар од источниот дел на Маглината Веил. Самата Маглина Веил е голем остаток од супернова, проширен облак од остатоците од експлозијата на масивна ѕвезда. Иако Веил има приближно кружна форма и покрива речиси 3 степени на небото кон соѕвездието Лебед (Cygnus), NGC 6995, неформално позната како Маглината Лилјак, зафаќа само половина степен, приближно колку видливата големина на Месечината. Тоа одговара на 12 светлосни години на проценетото растојание на Веил од околу 1.400 светлосни години од Земјата. Во сложената композиција направена со снимки преку неколку уски филтри, емисијата од водород е прикажана со црвена боја, а силната емисија од кислород со нијанси на сина. Се разбира, на западниот дел од Веил се наоѓа уште едно сезонско појавување: Маглината Метлата на Вештерката.
Утрешна слика:
Речиси космички правливци
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Kiro Stojanov &
Dipl.Ing.Dr. Liliana Gracanin
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Saša Gračanin