Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
29октомври 2025
Прашести облици од Магливината Привидение
Kredit za sliku & autorska prava: Kent Wood
Објаснување: Дали забележуваш некакви облици што „искачуваат“ од ова меѓуѕвездено поле исполнето со ѕвезди и прав? Овој скапоцен предел, исполнет со бледи облаци што ја одразуваат ѕвездената светлина, тивко минува низ ноќта во кралската соѕвездија Цефеј. Далеку од твоето соседство на планетата Земја, овие привидни појави демнат долж рамнината на Млечниот Пат, на работ од молекуларниот облачен комплекс „Цефејски Блесок“, оддалечен околу 1.200 светлосни години. Поширока од две светлосни години и посветла од другите мистични форми, VdB 141 или Sh2-136 е позната и како Магливината Привидение, видлива низ средишниот дел на прикажаната слика. Во внатрешноста на оваа одразна маглива се наоѓаат препознатливи знаци на густи јадра кои се колапсираат во раните фази од формирањето на ѕвезди.
Утрешна слика:
Отворен простор
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Kiro Stojanov &
Dipl.Ing.Dr. Liliana Gracanin
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Saša Gračanin