Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


28новември 2025

NGC 6888: Месечевата Маглина

Кредит за слика & авторски права: Greg Bass

Објаснување: NGC 6888, позната и како Месечевата Маглина, е широка околу 25 светлосни години, космички меур создаден од ѕвездените ветрови на нејзината масивна централна ѕвезда. Оваа длабока телескопска снимка вклучува уски филтри за да се изолира светлината од водородните и кислородните атоми. Кислородот ја создава синкасто-зеленикастата нијанса што изгледа како да ги обвива сложените набори и филamenti на маглината. Длабоко во маглината е видлива централната ѕвезда на NGC 6888, класифицирана како Волф-Рајева ѕвезда (WR 136). Таа ја исфрла својата надворешна обвивка со силен ѕвезден ветар, исфрлајќи маса еквивалентна на масата на Сонцето на секои 10.000 години. Всушност, сложените структури на Месечевата Маглина најверојатно се резултат на интеракцијата меѓу овој силен ветер и материјалот исфрлен во претходната фаза на еволуција. Горејќи гориво со огромна брзина и приближувајќи се кон крајот на својот ѕвезден живот, оваа ѕвезда веројатно ќе заврши со спектакуларна супернова експлозија. Сместена во со со маглини богатото соѕвездие Лебед, NGC 6888 е оддалечена околу 5.000 светлосни години.

Утрешната слика:: Светлосен викенд




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Kiro Stojanov & Dipl.Ing.Dr. Liliana Gracanin
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Saša Gračanin
e-astronomy